Дома Фудбал Англија „Им кажав на хигеничарите да внимаваат да не добијат понуда од Челзи“

„Им кажав на хигеничарите да внимаваат да не добијат понуда од Челзи“

Челзи изминатиот преоден рок потроши над 300 милиони евра, но и покрај тоа резултати нема клубот е далеку од излез дури и од излез во Европа, додека на борба за титула не се ни помислува.

Ваквата ситуација да се пошегува на „сметка“ на „сините“ ја искористи Пол Барбер, извршниот директор на Брајтон од каде што се засилуваше Челзи. Во текот на летото од Брајтон, Челзи го купи Марк Кукуреља за околу 55 милиони фунти, а потоа од Брајтон го доведоа и тренерот Грем Потер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Заедно со себе Потер во Челзи однесе и пет члена од тренерскиот тим со кој соработуваше во Брајтон. Тука не запреа од таборот на „сините“ и во јануари се обидуваа да ги доведат Моисес Каиседо и Алексис Мек Алистер.

„Немам ништо против, ако ме бараат од Челзи ќе кренам телефон, освен ако не се работи за нашиот тренер. На хигеничарите им кажав да внимаваат да не добијат понуда“, низ шега прокоментира Барбер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…