Дома Фудбал Останато Им даде „корпа“ и во Ливерпул вечно ќе му бидат благодарни – Мо Салах бил втора опција!

Им даде „корпа“ и во Ливерпул вечно ќе му бидат благодарни – Мо Салах бил втора опција!

Египетскиот фудбалер, Мохамед Салах не бил прва желба на Ливерпул за крилната позиција минатото лето, пренесува „Тајмс“.

Иако, Салах игра неверојатна сезона и управата на Ливерпул сега сигурно е благодарна што на крајот тој пристигна на „Енфилд“, минатото лето немале толку доверба во Египќанецот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Споменатиот извор тврди дека Салах бил втора опција, а пред него бил 21 годишниот крилен фудбалер на Баер Леверкузен Јулијан Бранд.

Станува збор за фудбалер кој иако има 21 година е дел од првиот тим на „аптекарите“ и со трансфер во Ливерпул се поврзуваше од моментот кога Јирген Клоп го превзема тимот.

Сепак, Брнад стравувал дека нема да добие премногу простор за игра покра Фирмино, Кутињо (беше уште член на Ливерпул) и Мане, па поради тоа одлучил да остане во Леверкузен барем уште една сезона.

Потоа во Ливерпул се одлучија за Салах кој оваа сезона постигна 43 погодоци во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…