Шпанскиот весник „Don Balon“ пишува дека Џерард Пике барал од управата на клубот да потпише неколку нови засилувања за да бидат конкурентни за Лигата на Шампионите следната сезона.
Според истиот медиум, тој им открил на шпанските извори дека Барселона ова лето ќе потпише со играчот за врска на Бетис за 30 милиони евра. Станува збор за Фабиан Руиз, 22-годишен играч на андалузискиот клуб кој се бори за Лигата на Шампионите оваа сезона, а младиот играч за врска одигра одлична сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пике се надева дека Барса ќе ја доведе младата надеж на шпанскиот фудбал пред лутиот ривал од Мадрид и тој ќе им помогне во нов поход кон титулата, а наводно тој би требало да биде замена за Андре Гомеш кој е на излезната врата од клубот.