Дома Фудбал Италија Имобиле потврди: Го барал клуб од Премиер лигата, сакале и италијански тренер

Имобиле потврди: Го барал клуб од Премиер лигата, сакале и италијански тренер

Голгетерот на Лацио, Чиро Имобиле за себе ја има најдобрата сезона во кариерата. Имобиле одигра фантастична сезона и ја освои „Златната копачка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во медиумите многу се шпекулираше за неговата иднина и интересот од европските клубови, а сега тој потврди дека во моментите кога се зборувало за продажба на Њукасл на шеиците премиерлигашот го контактирал.

„Кога се зборуваше за можната продажба на Њукасл на шеикот тие го контактираа мојот агент. Потоа Премиер лигата не го прифати нивниот предлог или тие се повлекоа, не знам што се случи. Знам дека бараа и италијански, Алегри или Спалети. Очекувам повторно да ме побараат, меѓутоа настојувам да останам во Лацио“, изјави Имобиле.

Ќе потсетиме после проблемите кои се појавија саудискиот конзорциум преку соопштение се откажа од намерата да го купи клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …