Дома Трансфер зона Има само еден начин Пјаниќ да заврши во Барса, „клучот“ го има Артур

Има само еден начин Пјаниќ да заврши во Барса, „клучот“ го има Артур

Медиумите во Италија и Шпанија продолжуваат да пишуваат за преговорите помеѓу Барселона и Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двата клуба спремаат размена на фудбалери во која сигурно ќе биде вклучен Миралем Пјаниќ, кој веќе има договор со Каталонците.

Вчера излезе информација дека во трампата ќе бидат вклучени Нелсон Семедо и Матија де Шиљо, но денес стигна демант на таа вест.

Имено, експертот на „Скај Спорт“ Италија, Џанлука Ди Марцио објави дека Јувентус само под еден услов ќе се согласи да го пушти Пјаниќ на „Камп Ноу“.

„Старата дама“ инсистира за возврат да го добие потписот на бразилскиот плејмејкер Артур.

Барселона е согласна за ваквата трампа, но проблем е што Артур не сака да ја напушти Барса и одбива трансфер во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…