Дома Фудбал Англија Илон Маск ќе се обиде да го купи Манчестер Јунајтед

Илон Маск ќе се обиде да го купи Манчестер Јунајтед

Еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, ја разгледува можноста за купување на англискиот гигант Манчестер Јунајтед.

„Дејли Мејл“ пренесува милијардерот е заинтересиран за ваква зделка и бил подготвен да понуди 4,5 милијарди фунти. Тоа треба да се случи што е можно поскоро, бидејќи крајниот рок за нови понуди за Манчестер Јунајтед е петок.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Минатата недела англиските медиуми открија дека досега има пет кандидати кои појавиле интерес за купување на Манчестер Јунајтед.

Семејството Глејзер, кое во моментов е сопственик на Манчестер Јунајтед бара 6 милијарди фунти за продажба на клубот. Сепак, медиумите откриваат дека понудите ќе се движат околу 4,5 милијарди со обврска за дополнителни инвестиции за реконструкција на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италијанец фаворит за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Искусниот италијански стратег Масимилиано Алегри наскоро би можел да седне на кормилото на…