Дома Македонски спорт Мак фудбал Илиевски го објави списокот за мечевите со Русија и Гибралтар

Илиевски го објави списокот за мечевите со Русија и Гибралтар

Селекторот на младата фудбалска репрезентација Добринко Илиевски го објави списокот на фудбалери за престојните квалификациски натпревари против Русија и Гибралтар.

Македонската репрезентација до 21 година на 12-ти октомври и гостува на Русија, а четири дена подоцна на домашен терен ќе игра против Гибралтар.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Илиевски за двата дуела повика 20 играчи, а во составот има и неколку нови имиња како: Агрон Руфати, Оливер Стојменовски, Кристијан Трајчевски, Кристијан Трапановски и Енур Тотре.

„Ова се двата последни натпревари и имаат специфична тежина. Русија има квалитетен состав и ќе игра пред својата публика, додека со Гибралтар сме пред императив да победиме. Одиме чекор по чекор, прво Русија, па потоа ќе размислуваме за Гибралтар. Се прави селекција за следниот циклус, добро е помладите да почувствувата како е да де биде дел од оваа репрезентација“, истакна Илиевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…