Дома Трансфер зона Икарди се враќа во Серија А, позната и цената

Икарди се враќа во Серија А, позната и цената

Француските медиуми пренесуваат дека Икарди и ПСЖ ќе се разделат ова лето.

Како што се најавува Аргентинецот ќе може да замине доколку пристигне понуда вредна помеѓу 35 и 40 милиони евра. 

Икарди не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината. Најсилен интерес за него покажуваат неколку клубови од Серија А, а и самиот не крие дека сака да се врати во Италија.

Милан и Јувентус се главни кандидати за неговиот потпис. Двата италијански гиганти се во потрага по напаѓач за следната сезона.

Меѓутоа, проблем може да биде високата плата, бидејќи Икарди во Париз заработува 10 милиони евра по сезона, па ќе треба да прифати намалување ако сака да се врати во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мбапе проговори: Морам да ја донесам вистинската одлука

Веќе од поодамна се шпекулира дека Мбапе ова лето ќе го напушти тимот на ПСЖ. Името на мла…