Мауро Икарди имаше одлична сезона во Галатсарај, но ова лето ќе се врати во ПСЖ.
Јасно е дека за него нема повеќе место во Париз, па Аргентинецот веќе почна да си бара нов клуб, а негова желба е да се врати во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
29-годишниот напаѓач сака да се врати во Италија и е спремен да прифати помала плата за повторно да игра во Серија А.
Неговиот агент го понудил на Милан, кој е во потрага по нов напаѓач
„Росонерите“ не ја одбиле можноста да го доведат и најверојатно во наредните денови ќе испратат понуда до ПСЖ.