Дома Фудбал Останато Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на чекор од титулата во хрватското првенство.

По овој триумф Динамо на табелата има четири бода повеќе од Ријека на три кола пред крајот. До крајот им преостануваат уште две средби дома со Осијек и Рудеш и гостување кај Славен Белупо. Во овие натпревари потребни им се две победи за ја заверат титулата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во овие моменти во центарот на вниманието е изјавата која ја даде македонскиот фудбалер Стефан Ристовски уште во март кога многумина го отпишуваа Динамо.

„Убеден сум дека сезоната ќе ја завршиме успешно. Секако дека ќе биде така, не сум арогантен, ниту препотентен, знам што зборувам и знам каков квалитет имаме. Ги почитуваме сите, но титулата одново ќе се слави на „Максимир“, гласеа зборовите на Ристовски тогаш.

Очигледно Ристовски знаеше што може Динамо бидејќи не е сеедно да излезете во јавноста во такви моменти со таква изјава…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…