Челзи е во потрага по напаѓач во зимскиот преоден рок, со оглед на фактот дека Оливие Жиру е на излезна врата од „Стенфорд Бриџ“.
Првата мета на Лампард беше напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, но францускиот клуб ги одби сите понуди и не сака да ја продаде својата ѕвезда во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како алтернатива медиумите го споменуваа Криштоф Пјонтек, но тука проблем е што Милан бара 35 милиони евра за својот напаѓач и не сака да го пушти на позајмица со право на откуп.
Последната вест од Островот е дека „сините“ се насочиле кон напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс.
32-годишниот Белгиец ја игра последната сезона во Наполи и на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти клубот како слободен агент, па ова е шанса за италијанскиот клуб да заработи на него.
„Скај Италија“ тврди дека Челзи веќе го контактирал Наполи и агентот на играчот, па започнати се преговорите за негов трансфер во Лондон.
Chelsea are in talks with Napoli over the possible transfer of Dries Mertens.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 29, 2020
Discussions will continue over the next few hours to decide if the deal can happen this month.
(Source: Di Marzio) pic.twitter.com/YDYXXpdKBL