Дома Топ вести Изненадување: Хрватот ја напушта Барса!

Изненадување: Хрватот ја напушта Барса!

Шпанските медиуми пренесуваат дека плејмејкерот на Барселона и хрватски репрезентацивец, Иван Ракитиќ на крајот на сезоната би можел да го напушти „Камп Ноу“.

Имено, Жозе Мурињо силно го посакува Хрватот на „Олд Трафорд“ и наскоро е спремен да започне преговори со Барселона.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Договорот на Ракитиќ со Барселона истекува во 2019 година, па и покрај најавите сеуште не се почнати преговорите за продолжување на соработката.

Каталонците би можеле да имаат проблем бидејќи нема да можат да му ја понудат на Ракитиќ истата плата која му ја нуди Јунајтед, па можно е да го загубат Хрватот.

Барса во изминатиот период ги продолжи договорите на неколку ѕвезди од тимот, па поради финансискиот фер-плеј не е во можност да му понуди повисока плата на Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Падна важен потпис во РК Вардар!

Голманот Васил Гогов уште две сезони ќе биде меѓу стативите и ќе го носи дресот на РК Вард…