Реномираната „Марка“ најави сензационално враќање од пензија на Роналдињо.
Имено, „Марка“ пишува дека Роналдињо може да заигра за тимот кој од клупата го води Диего Армандо Марадона, Гимнасија Ла Плата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно интерес има и од двете страни и Марадона не би имал ништо против славниот фудбалер да заигра за неговиот тим. Посебно се истакнува дека медиумот „Ел Диа“ кој важи за близок на клубот тврди дека вакво нешто е можно.
Роналдињо минува низ проблематичен период од животот од кога беше уапсен во Парагвај поради фалсификувани документи и во овој момент служи куќен притвор во Парагвај.
Последниот клуб во кариерата на Роналдињо беше Флуминенсе во 2015 година.