Случувањата во клубот не наведуваат да размислува за вакво нешто.
Мадритски Реал ова лето прво остана без Зинедин Зидан, на негово место дојде Јулијен Лопатеги. Потоа си замина и Кристиано Роналдо кој ќе го носи дресот на Јувентус, па така стана јасно дека „кралевите“ започнуваат нова ера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во клубот пристигнаа млади играчи како голманот Андреј Лунин, десниот бек Одриозола и талентираниот Винисиус Жуниор кој беше договорен уште како 16 годишник (сега има 18 години).
Иако на почетокот сите очекуваа „бомба“ од Реал со трансфер на играч од калибарот на Азар, Кејн, Нејмар, Салах…Како што одминува времето станува јасно дека нема да видиме такво нешто од Перез ова лето, барем така изгледа во овој момент.
Многу се очекува од Иско, Асенсио ја доби „седмицата“, што е јасен знак што клубот очекува од него, додека лидер на новиот проект би можел да биде Герет Бејл.
Но, до крајот на преодниот рок би можеле да видиме уште едно заминување од Мадрид, пренесува новинарот Баптиста Рипар. Споменатиот новинар пишува дека Лукас Васкез се наоѓа пред трансфер во редовите на Олимпик Лион!
Lucas #Vazquez a signé avec #OlympiqueLyonnais pour 65M€ + 5M de variables. #Ligue1 #LaLiga #RealMadrid
— Baptiste Ripart (@RipartBaptiste) July 29, 2018
Според неговите извори Шпанецот ќе биде платен – 70 милиони евра, пет би добиле како бонуси, а 65 веднаш.
Ова навистина е изненадувачка вест, навивачите очекуваа Васкез да има важна улога кај Лопатеги, сепак изгледа гигантот од Мадрид добил понуда која не се одбива.
Треба да истакнеме дека Рипар беше човекот кој погоди во најавувањата дека Гризман останува во Атлетико, а прв објави и дека Тома Лемар се сели во Мадрид.