Дома Трансфер зона Изненадување од Торино: Јувентус бесплатно останува без еден од најдобрите?

Изненадување од Торино: Јувентус бесплатно останува без еден од најдобрите?

Aнхел Ди Марија на крајот на сезоната би можел да го напушти Јувентус по истекот на договорот.

Аргентинскиот офанзивец неколку недели наназад изјавуваше дека нема проблем да остане во Торино и дека му е убаво во Јувентус, но со Италијанците тврдат дека ситуацијата се променила со елиминацијата од Севиља во полуфиналето од Лигата на Европа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Наводно, во Јувентус не се задоволни од играта на Ди Марија и покрај тоа што во текот на сезоната токму тој беше еден од најдобрите фудбалери на тимот.

Ди Марија во Јувентус пристигна бесплатно од ПСЖ, а оваа сезона одигра 37 натпревари и оствари учинок од осум голови и седум асистенции во сите натпреварување.

Сепак според последните информации кои ги објави Фабрицио Романо заминувањето на Ди Марија изгледа како реална опција во овој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…