Дома Фудбал Останато Изненадување: Мурињо може да се врати во Премиер лигата?!

Изненадување: Мурињо може да се врати во Премиер лигата?!

Eпизодата на клупата на Фенербахче за Жозе Мурињо би можела кратко да трае бидејќи како што пренесуваат медиумите Португалецот добил понуда да се врати во Премиер лигата.

Премиер лигата е омиленото првенство на Мурињо, а според последните информации интерес за неговите услуги покажал Евертон.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Ден Фридкин преку неговата компанија која се проценува на 5.7 милијарди долари неодамна ги купи „карамелите“, а првиот чекор би можел да му биде ангажман на Мурињо.

Наводно, Мурињо не ја одбил понудата и дал до знаење дека може да преговара. На клупата на Фенербахче Мурињо пристигна пред стартот на првенството.

Треба да се знае и дека Мурињо соработуваше со Фридкин Група додека ја водеше екипатан а Рома. Минатата сезона тој доби отказ на клупата на „волчицата“ меѓутоа сега би можел да ја обнови соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Престојат големи промени во Манчестер Јунајтед: Двоецот од Нотингем доаѓа на Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед планира значителни промени летово. Дел од средниот ред ќе се прости од …