Европското првенство започнува на 14-ти јуни со натпреварот помеѓу Германија и Шкотска во Минхен и според обложувалниците најголем фаворит е Англија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сепак, португалскиот стратег Жозе Мурињо не се согласува со таквата констатанција и како прв фаворит ја избра неговата татковина, Португалија. Новиот тренер на Фенербахче смета дека Португалија во финалето ќе ја победи токму Англија.
Како најдобар стрелец на турнирот Мурињо го гледа Хари Кејн, а како најдобар играч Џуд Белингам. Мурињо го прогнозираше и освојувачот на „Златната топка“ и смета дека тоа ќе биде Бразилецот од редовите на Реал, Винисиус Жунор.
Португалија Европското првенство го стартува на 18-ти јуни со натпреварот против Чешка и во таа група се уште Турција и Грузија.