Скоро во текот на целата сезона медиумите пишуваат за отказ на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а таквите реакции се и погласни по вчерашниот дебакл кој го претрпе клубот од „Олд Трафорд“.
Јунајтед беше декласиран од Кристал Палас во Лондон со 4:0, а денеска во медиумите се појави информација дека Жозе Мурињо ја сака позицијата на Ерик Тен Хаг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Жозе Мурињо доби отказ во Манчестер Јунајтед во 2018 година, меѓутоа често пати во јавноста знаеше да истакнува дека не добил вистинска шанса, иако ја освои Лигата на Европа.
Како адут за врќање во клубот се споменува пријателството кое го има Мурињо со Џим Ретклиф.
Сепак засега не е познато колку во Јунајтед се заинтересирани да го вратат Мурињо кој во последните години нема некои посебни успеси во клубовите каде што работеше.