Дома Трансфер зона Изненадување: Жиру се сели во Серија А, но НЕ во Интер

Изненадување: Жиру се сели во Серија А, но НЕ во Интер

Оливие Жиру е на излезна врата од Челзи и сака да ја промени средината, а преодниот рок во Европа трае уште неполни два дена.

Французинот сака по секоја цена да ја промени средината во потрага по поголема минутажа пред Европкото првенство кое се игра на лето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Најпрво Жиру силно се поврзуваше со трансфер во Интер, последните денови се шпекулираше за негов трансфер во Тотенхем, но на крајот Французинот сепак ќе се пресели во Серија А.

Меѓутоа, наместо во Интер, Жиру е блиску до преселба во Рим, каде ќе го облече дресот на Лацио.

Римскиот клуб веќе се договорил со напаѓачот и во моментов преговара со Челзи и недостасуваат само детали за трансферот да биде комплетиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…