Aнглиски „The Sun“ пренесува интересна вест поврзана со контроверзниот фудбалер Марио Балотели.
Наводно, според информациите на овој англиски медиум, Балотели постигнал договор со тимот на Јувентус и ќе се пресели во Торино во текот на летото како слободен фудбалер.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како клуч на овој трансфер се наведува познатиот агент, Мино Раиола кој го застапува Балотели, а познато е и дека Раиола е во одлични односи со управата на „старата дама“.
Во веста на „The Sun“ се наведува и дека Балотели во Торино го чека договор на пет години, додека за платата нема информации.