Mладиот Мбуња Алеманџи (16) веројатно се уште не е свесен што му се случи во кариерата.
Анонимниот тинејџер кој до сега беше во таборот на англискиот четвртолигаш Кембриџ направи изненадувачки трансфер во редовите на Рома. Тој веќе беше претставен во Рома и ќе им се приклучи на врсниците до 17 години. Рома на Кембриџ плати сума од 70.000 фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е голем чекор за мене, тука како и во Кембриџ ќе продолжам да се докажувам. Моите блиски ми зборуваат: Свесен ли си дека си во Рома!? Јас само се обидувам да останам прибран“, изјави ова момче.
Тој се уште не може да се навикне на познтите играчи кои сега се во негова близина.
„Едно утро излегов од собата, требаше да правиме тест за Ковид-19 и налетав на Педро (неодамна дојде од Ром). Бев шокиран“, изјави момчето кое во овој период го живее својот сон.