Дома Останати Кошарка НБА Изминатата ноќ се одигра третиот најефикасен натпревар во историјата на НБА! (ВИДЕО)

Изминатата ноќ се одигра третиот најефикасен натпревар во историјата на НБА! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревар, а историски беше оној кој го одиграа Аталанта и Чикаго.

Атланта и Чикаго го одиграа најинтересниот натпревар оваа сезона кој после четири продолженија го добија „биковите“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Чикаго ја победи Атланта со неверојатни 168:161 и постарите љубители на кошарката овој натпревар сигурно ги потсети од времето на легендарните Доминик Вилкинс и Мајкл Џордан.

Колку беше спектакуларно тоа што се случуваше на оваа средба зборува и тоа што ова беше третиот најефикасен натпревар во НБА историјата! Пред оваа средба се само два натпревари: Денвер – Детроит (186:184) во 1983 година и Сан Антонио Милвоки (171:166) во 1982 година.

Најефикасни во овој чудесен натпревар беа Зек Левин кој натпреварот го заврши со 47 поени, девет скока и исто толку асистенции, Трае Јанг на другата страна имаше учинок од 49 поени, осум скока и 16 асистенции.

Тимот на ЛА Лејкерси е се подалеку од местото кое води во плејофот. Вчера тимот на Леброн изгуби во натпреварот против Милвоки со резултат 120:131). Најефикасен кај Милвоки беше Ерик Бледсо со 31 поен, на другата страна исто толку постигнаа Брендон Инграм и Леброн Џејмс.

https://youtu.be/cgJlvNR7RE4

НБА РЕЗУЛТАТИ

Атланта – Чикаго 161-168 (после продолженија)

Бруклин – Шарлот 112-123

Бостон – Вашингтон 107-96

Торонто – Портланд 119-117

Феникс – Њу Орлеанс 116-130

Сакраменто – ЛА Клиперс 109-116

ЛА Лејкерс – Милвоки 120-131

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…