Дома Фудбал Останато Извлечено телото од авионот со кој леташе Сала!

Извлечено телото од авионот со кој леташе Сала!

Аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала исчезна пред две недели кога авионот со кој леташе се сруши во водите на Ла Манш.

Авионот исчезна од радарот на 22-ри јануари, после десет дена пронајдени беа остатоците од авионот во кои имаше и едно тело.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од спасувачките служби порачаа дека авионот ќе биде извлечен на површина во наредните денови и дека се уште не знаат каде е другото тело. Вечерва англиските медиуми објавија дека телото кое беше забележано е извлечено од остатоците.

Според информациите телото во овие моменти се наоѓа во брод во близина на местото на падот на авионот. Се уште не е соопштено за кого се работи и се очекуваат информации наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Миовски ќе добие нов тренер – фаворит е легендата на Ливерпул

Поранешната ѕвезда на Ливерпул, Стивен Џерард, сериозно размислува за ново тренерско погла…