Македонија вчера одигра 3:3 против Естонија, ние успеавме да се вратиме и да извлечеме бод од негативна од 3:1.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За водство од 3:2 на Естонија погоди Франк Ливак од пенал. После натпреварот Ливак откри дека ги разбрал нашите репрезентативците кога му зборувале на Шишковски каде да се фрли.
„Една ипол година поминав во Сараево и затоа ги разбрав што му кажаа. Играчите од позади мене му зборуваа дека ќе шутирам десно, па затоа јас ја избрав спротивната страна. Комплетно за натпреварот не знам што да кажам, ако го гледаме текот на настаните изгледа како да сме изгубиле два бода, но доколку пред мечот некој ни понудеше бод сигурно дека ќе прифатевме“, изјави Ливак.