Дома Останати Авто Мото Иднината на Формула 1: Објавени се првите фотографии од новите болиди (фото)

Иднината на Формула 1: Објавени се првите фотографии од новите болиди (фото)

0

Новите болиди на патеките би требало да се најдат веќе за две години, а Формула 1 денес откри како би требало да изгледаат.

Дизајнот на болидите кои на патеките на Формула 1 би требало да се најдат за помалку од две години денес објавен е на официјалниот сајт на ова натпреварување.

Формула 1 соопшти дека дека во соработка со Меѓународната федерација (ФИА) работи на нов болид кој ќе има подобри перформанси.

„Голем оптимист сум, верувам дека ќе направиме болиди со одличен изглед кои натпреварувањето ќе го направат рамноправно“, изјави спортскиот директор на Ф1, Рос Браун.


Следете го Sportski.mk и на


Поранешниот шеф на тимот на Мерцедес откри дека на новиот концепт активно се работи во претходната една година, а како приоритет е означена аеродинамиката во возилата.

Најмногу внимание е посветено на предниот дел на болидот. Целта е возилата кои го следат болидот пред себе да не бидат со така големо заостанување како што е случај во овој момент.

„Со болидите кои ги имаме во овој момент се губат 50% од перформансите кога ќе се доближите на две-три метра со болидот во однос на возилото кое го следите. Со новиот концепт таа загуба е намалена на 20%“, објасни Браун.

Првите фотографии од новиот дизајн се објавени на официјалниот сајт на Формула 1.

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Хамилтон продолжува да доминира: Победа во Сингапур за зацврстување на првата позиција

На денешната трка за Големата награда на Сингапур лидерот, Луис Хамилтон стигна до нова по…