Дома Фудбал Останато Играчите на Реал чудесно се опоравуваат кога ќе го напуштат Мадрид (ФОТО)

Играчите на Реал чудесно се опоравуваат кога ќе го напуштат Мадрид (ФОТО)

Mногу играчи на Реал Мадрид овој викенд се на должност кон своите репрезентации.

На репрезентативните собири отпатуваа Герет Бејл и Хамес Родригез иако и двајцата беа повредени и не тренираа во Реал.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сепак, вчера Бејл проблем одработи тренинг со своите соиграчи од репрезентацијата. Денес пак Хамес Родригез тренираше со репрезентацијата на Колумбија иако во Реал не тренира 15 дена.

Колумбиецот ова лето се врати од позајмицата од Баерн и изгледаше дека ќе го поправи својот однос со Зидан, но изгледа се случи спротивното, го влоши.

Сега Рордигез кој не тренираше во последните 15 дена за Реал веројатно ќе настапи за Колумбија во натпреварот против Перу кој се игра на 15-ти ноември. Останува да се види како на ова ќе реагира Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Светско првенство 2026: Технологијата и спонзрите носат револуција во фудбалот!

Светското првенство во фудбал 2026 година носи револуција не само на теренот, туку и надво…