Дома Видео Играчите на Милан во чудо: Хеликоптер слета на теренот во Миланело, а од него излезе Ибра

Играчите на Милан во чудо: Хеликоптер слета на теренот во Миланело, а од него излезе Ибра

Златан Ибрахимовиќ во јануари оваа година пристигна во Милан како слободен играч.

Искусниот напаѓач со Росонерите договори соработка до крајот на оваа сезона, но како што стојат работите на Сан Сиро веројатно ќе остане до следното лето.

Со неговото доаѓање Милан се препороди. Ибра во досегашниот дел на сезоната за Милан одигра 18 натпревари и постигна осум погодоци.

Нормално, тој е задолжен за атмосферата во клубот, а тоа го работи на врвно ниво, како и секогаш. Вчера ги шокираше своите соиграчи кога на тренинг стигна со хеликоптер кој слета на теренот во Миланело.

Ибра беше во Монако и поради тоа со хеликоптер дојде право на тренинг. Тоа го објави на Инстаграм, а на своите соиграчи во свој стил порача „Доаѓа претседателот.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…