Дома Фудбал Италија Ибра во свој стил по голот: Овој пат погодив, а наредниот пат…повторно ќе погодам

Ибра во свој стил по голот: Овој пат погодив, а наредниот пат…повторно ќе погодам

Милан на гости го победи Удинезе со 2:1, а херој повторно беше Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ во самиот финиш успеа да постигне гол за победа на „росонерите“. Искусниот 39 годишен фудбалер покажа дека е во фантастична форма бидејќи за него ова е веќе седми гол на четири натпревари во Серија А.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


После натпреварот Ибра имаше свое шоу и пред камерите.

„Тоа беше единствениот начин да ја испратам топката во голот. Некогаш влегува во голот, а некогаш не. Овој пат погодив, а наредниот пат…повторно ќе погодам, немојте да се грижите“, низ смеа изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ му кажал на Реал кој треба да биде неговиот наследник: Тој е генијалец

Лука Модриќ го заврши поглавјето од неговата кариера во Реал Мадрид, кој го напушта како и…