Златан Ибрахимовиќ вчера против Верон (2:2) промаши пенал и постигна гол за изедначување. Иако со голот го спаси Милан од пораз, најмногу се зборува за неговиот промашен пенал.
Тоа беше трет промашен пенал за Ибрахимовиќ кој после натпреварот даде свој коментар за „Скај Спорт“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Следниот пенал ќе го изведе Кеси. Секако дека не сум задоволен, ремизиравме и тоа не е доволно. Имавме навистина повеќе шанси, а јас промашив пенал. Примивме два и постигнавме два гола. Одиме понатаму, важно е да не ја губиме самодовербата. Кога ќе ја погледнеме табелата добиваме мотив да победиме на секој натпревар“.
Ибрахимовиќ е среќен што ќе одмори во репрезентативната пауза.
„Играме навистина многу поради ситуацијата и кога ќе се уморите повеќе не сте на 100%. За среќа доаѓа репрезентативната пауза бидејќи ми треба одмор. Немам одлучност и се што ми треба пред голот, едноставно не се чувствувам како што треба“.
Кога се споменаа репрезентациите новинарите го прашаа за објавената фотографија во дресот од репрезентацијата на Шведска.
„Не се враќам, само сакав да ги провоцирам луѓето во Шведска“, порача Ибра.