Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: По првиот спринт за голот останав без здив, не би издржал доколку игравме уште 15 минути

Ибрахимовиќ: По првиот спринт за голот останав без здив, не би издржал доколку игравме уште 15 минути

Градското дерби помеѓу Л.А Галакси и Лос Анџелес заврши со резултат 4:3, а најзаслужен за победата на Галакси беше Златан Ибрахимовиќ.

Натпреварот се одигра пред 27.000 гледачи, а Ибрахимовиќ прво изедначи со волеј од огромна далечина, за потоа со глава во финишот да донесе победа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Навивачите повикуваа: Го сакаме Златан, го сакаме Златан и им го дадов Златан“, беа првите зборови на Ибра по натпреварот.

Потоа тој призна и дека немал многу сила и дека му било топло.

„После првиот гол, кога направив спринт останав без здив и потоа одлучив да ја променам тактиката. Отидов пред голот и чекав топка. Забележав дека голманот е излезен и знаев треба да шутирам со глава. Бев среќен што не се играше уште 15 минути, не би издржал“, изјави Швеѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…