Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ го потпишал најголемиот договор во историјата на МЛС

Ибрахимовиќ го потпишал најголемиот договор во историјата на МЛС

Златан Ибрахимовиќ одлучи да остнае во САД, а како што стојат работите ќе постави и рекорд.

Ибрахимовиќ во САД пристигна пред една година кога потпиша договор со Галакси.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ибра не успеа да му помогне на Галакси да стигне до плеј-офот, но одигра одлична сезона во која постигна 22 погодоци и запиша 10 асистенции.

Бидејќи Галакси не се пласираше во пле-офот се појавија информации за можно враќање во Европа каде што Милан беше најзаинтересиран.

Сепак, одличниот напаѓач на крајот донесе одлука да остане уште една година во САД и потпиша нов договор со Галакси.

Сега медиумите во САД ги откриваат и условите од овој договор според кој Ибрахимовиќ би можел да инкасира 7.5 милиони долари.

Минатата сезона Ибрахимовиќ заработуваше 1.5 милион долар и сега доби огромно покачување, а неговиот договор така стана најголем во историјата на МЛС лигата.

Најплатен пред Ибрахимовиќ беше Рикардо Кака кој во дресот на Орландо заработуваше 6.66 милиони американски долари.

https://www.youtube.com/watch?v=nxZKdCZdueo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Играше за Тотенхем, сега ја заврши кариерата на 26 години за да стане фотограф

Долгогодишниот чувар на мрежата на Тотенхем, Алфи Вајтман (26), неочекувано ја заврши свој…