Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ во центарот на скандал, му се заканува долга суспензија?

Ибрахимовиќ во центарот на скандал, му се заканува долга суспензија?

Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ е во центарот на фудбалски скандал поради обвинувањата дека е сопственик на акции на една обложувалница во Малта.

Нормално, тоа им е строго забрането на професионалните фудбалери, па Ибрахимовиќ ќе мора да ја докаже својата невиност.

Имено, според наводите на медиумите компанијата „Unknown AB“, каде Ибра е косопственик, има 10% од акциите на обложувалницата „Bethard“.

Доколку се докаже дека Ибра е виновен, покрај долгогодишната суспензија, би можел да плати и 100 милиони евра оштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леаo може да се пресели во Премиер лигата? Скај: Разговори се во тек

Рафаел Леао (27) е во можност, на самиот крај од трансфер периодот, да го напушти Милан и …