Златан Ибрахимовиќ тврди дека не го познава Хакан Чалханоглу, иако до пред неколку месеци играа заедно во Милан.




Синоќа се играше градското дерби помеѓу Милан и Интер кое заврши без победник (1:1).
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Голот на „нероаѕурите“ го постигна екс играчот на Милан, Хакан Чалханоглу, кој притоа го прослави со провокација до фановите.




„Како ја коментирам прославата на Чалханоглу? Не знам кој е тој човек, а и не коментирам играчи од Интер“, изјави во свој стил Ибра.




„Ремито не е за славање, но не можеме да бидеме незадоволни. Мислан дека оваа сезона сме зрели за нешто повеќе и одиме по Скудетото“, додаде 40-годишниот голгетер.