Францускиот репрезентативец Адриен Рабио откри што посебно го иритира кај неговиот соиграч Килијан Мбапе.
Играчот од средниот ред на Јувентус истакна дека го иритира тоа што неговиот соиграч го менува гласот за време на интрвјуата со новинарите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Килијан навистина ме иритира кога го менува гласот за време на интервјуата. Кога разговара со сите нас зборува нормално, а потоа во интервјуата целосно го менува гласот.
Не знам зошто тоа го прави, мене навистина многу ме нервира. Мислам дека сите тоа го забележаа“, изјави Рабио.