Дома Фудбал Италија Зошто Игуаин во Јувентус повторно е оној стариот? Еве во што е тајната!

Зошто Игуаин во Јувентус повторно е оној стариот? Еве во што е тајната!

Изгледа како Сари секогаш знае да го извлече најдоброто од него.

Гонзало Игуаин игра одлично оваа сезона. Од отпишан стигна до првотимец во поголемиот број натпревар сезонава. Во текот на летото најавуваше дека сака да остане во Јувентус до крајот на договорот, а и клубот од Торино сега веројатно не сака да се ослободи од него.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Пипита“ оваа сезона постигна три гола, има и асистенција, го реши дербито со Интер и постигна ефектен гол против Наполи.

Се покажа дека Сари знае да го извлече најдоброто од Аргентинецот, иако во Челзи во текот на пролетта не изгледаше така. Проблемот изгледа бил во тоа што немаше пауза и време за напаѓачот да ги помине припремите.

Тајната на добрата игра во Јувентус?

Диета! Имено како што пишува „Ла Стампа“ Игуаин ќе добива шанса се додека има помалку од 75 килограми. Сари води смета, клупските нутриционисти смислиле диета, цел е „Пипита“ да се движи подобро бидејќи во клубот веруваат дека одлично се вклопува со Роналдо. Тоа овие двајца го покажаа и во Реал.

Јувентус утре ја дочекува Болоња и медиумите најавуваат дека Игуаин ќе добие предност во овој натпревар, додека Дибала ќе биде стартер против Локомотив во Лигата на шампионите во вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…