Maнчестер Сити вчера испушти два бода во трката за титулата и одигра само 0:0 против Кристал Палас на гостински терен.
Посебно внимание привлече тоа што Пеп Гвардиола не направи ниту една измена. Немаше да биде чудно ако Сити имаше резултат кој му одговара, но на „граѓаните“ не им одеше.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Размислував доста да направам измена, но тимот играше добро, а во мојата екипа сите се способни да постигнат гол. Се играше со висок ритам и денес одлучив да го завршам натпреварот со истиот состав со кој го започнав“.
„Има уште многу до крајот знам дека треба да победуваме, меѓутоа немам што да им замерам оние кои играа. Ќе беше секако подобро да ги освоивме бодови, но ќе повторам одигравме еден навистина добар натпревар. Статистиката доволно зборува“, изјави Гвардиола.
По овој пораз Ливерпул доби прилика со победа во утрешниот натпревар против Арсенал да дојде на само еден бод од „граѓаните“.