Дома Фудбал Лига на шампиони Зошто ВАР не реагираше за неправилно поништениот гол на Дортмунд?🎥

Зошто ВАР не реагираше за неправилно поништениот гол на Дортмунд?🎥

Манчестер сити го совлада тимот на Борусија Дортмунд со 2-1 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони, но големо внимание привлече детал од финишот на првиот дел.

Џуд Белингам успеа да му ја украде топката на голманот Едерсон, кој потоа го удри по нога младиот фудбалер на Дортмунд.

За судијата од Романија ова беше прекршок врз голманот, а Белингам доби дури и жолт картон, иако со оваа одлука по мечот не се сложија фудбалерите на германскиот тим.

Апсурдно е што ВАР не можеше да реагира поради уште една грешка на романскиот судија. Имено, тој свирна фаул пред топката да ја мине гол линијата, па поради тој факт луѓето од ВАР собата не можеа да реагираат на грешката на судијата.

Фановите и играчите на Борусија Дортмунд останаа бесни поради оваа неправда, која може да го чини елиминација од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Сити изедначи преку сомнителен пенал 🎥

Maнчестер Сити против Борусија Дортмунд го изедначи резултатот, но се чини после ситуација…