Дома Трансфер зона Зошто Барселона го купи Кевин Принс Боатенг?

Зошто Барселона го купи Кевин Принс Боатенг?

Keвин Принс Боатенг оваа зима пристигна во Барселона како позајмен играч од Сасуоло.

Откако Барселона го пушти Денис Суарез на позајмица во Арсенал „дупката“ во каталонскиот тим ја пополни 31 годишниот играч на Сасуоло.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Боатенг кој веќе играше во Шпанија за Лас Палмас прикажуваше солидни настапи во дресот на Сасуоло каде што на 13 настапи постигна четири гола, а на многумина не им беше јасно зошто Барселона го доведе токму него.

Посебно незадоволни беа навивачите на каталонскиот клуб кој неодамна испратија жестоки критики на сметка на Боатенг кога во натпреварот против Ваљадолид го замени Луис Суарез. Во тој натпревар Боатенг имаше прилика да се запише во листата на стрелци, но не успеа, па потоа стана мета на навивачите на друштвените мрежи.

Барселона има опција да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната, но ако се случи такво нешто тоа би било еднакво на вистинско чудо и е веројатно дека Боатенг ќе биде вратен во Сасуоло.

Судејќи според она што го видовме досега нема сомневање дека Боатенг е еден од најлошите потези на Барселона во последните неколку години.

Во својата кариера Боатенг освен за Барселона и Сасуоло го носеше дресот на Херта, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмунт, Милан, Шалке, Лас Палмас и Ајнтрахт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…