Дома Фудбал Италија Знаете ли Конте што им направи на играчите по синоќешната победа против Милан?

Знаете ли Конте што им направи на играчите по синоќешната победа против Милан?

Едни играчи тренираа, други славеа.

По синоќешната победа на Интер над Милан (2:0), тренерот Конте ги испрати играчите кои не настапија во дербито да тренираат на теренот од „Сан Сиро“, додека нивните соиграчи се тушираа и славеа во соблекувалната. Овој мал чин ја покажува лудата етика на работа на Конте и вредноста која тој ја дава на напорната работа и фокусот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Токму дисциплината е најважна работа за Конте, кој веднаш кога пристигна во Интер ја „вентилираше“ собелувалната, ги избрка Икарди и Наинголан, а на играчите им даде прилика оваа сезона само на основа од она што ќе го покажат на тренинзите.

Таквите методи донесуваат резултати, бидејќи Интер има четири победи во четири кола од Серија А, а помеѓу останатото последната е запишана „на гости“ против лутиот ривал Милан. Еден кикс Интер доживеа во Лигата на Шампионите, кога ремизираше на „Меаца“ против Славија Прага (1:1).

Интер е лидер во Серија А со два бода повеќе од Јувентус, а во петтото коло игра против Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Драма на тренингот: Селекторот на Романија му се слоши, итно е пренесен во болница!

Вистинска драма се одвиваше утрово на тренингот на романската репрезентација. Селекторот М…