Ѕвездата на Челзи, Хаким Зијех потврди дека се повлекува од мароканската фудбалска репрезентација, иако има само 28 години.
Зијех влезе во конфликт со селекторот Вахид Халилхоџиќ, па беше исклучен од мароканскиот тим за Африканскиот куп на нации. По елиминацијата Халилхоџиќ изјави дека тој нема да биде вратен во репрезентацијата „дури и да се вика Лионел Меси“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неколку дена подоцна реагираше и Зијех, кој му кажа дека никогаш повеќе нема да игра за Мароко.
„Нема да се враќам во репрезентацијата, тоа е конечна одлука. Мене ми е јасно. Ќе се фокусирам на тоа што го правам најдобро и на мојот клуб“, кажа Зијех.