Дома Фудбал Англија Зиркзе по дебито во кое беше херој: Како од соништата, сакаме да направиме нешто големо!

Зиркзе по дебито во кое беше херој: Како од соништата, сакаме да направиме нешто големо!

Избраниците на Ерик Тен Хаг во првиот натпревар од сезоната во Премиер лигата славеа победа со голот на Џошуа Зиркзе во 87. минута.

Холанѓанецот кој ова лето пристигна од Болоња на теренот влезе во 61. минута на местото на Мејсон Маунт. Зиркзе успеа првата посериозна прилика која ја имаше да ја претвори и во гол.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Победивме во во мојот прв натпревар дома и јас постигнав гол. Благодарен сум на тоа што добив можност да почувствувам такво нешто во мојот прв натпревар. Чувството е неверојатно. На крајот победивме и тоа е она што го посакувавме. Не можам да опишам како се чувствувам. Сакаме да постигнеме нешто големо, овој натпревар за мене беше како од соништата“, изјави Зиркзе.

Зиркзе не беше со екипата на припремите во САД, тренираше во Манчестер и се приклучи на тимот по доаѓањето во Англија и работеше по посебна програма.

„Менаџерот ми кажа дека морам да внесам енергија и да помогнам на екипата колку што е можно. Манчестер Јунајтед е голем клуб и секогаш се стремите да бидете најдобри. Тоа вклучува и двање 100% на дневно ниво“, порача Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Повеќе нема дилема кој ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во светот

France Football на 22 септември во Париз ќе ја додели Златната топка за најдобар фудбалер …