Дома Фудбал Англија Зидан спремен да му каже ДА на Манчестер Јунајтед, проблем е неговата сопруга

Зидан спремен да му каже ДА на Манчестер Јунајтед, проблем е неговата сопруга

Раководството на Манчестер Јунајтед постигнал значителен напредок во обидите да го убеди Зинедин Зидан да го прекине одморот и да го замени Оле Гунар Солскјаер на „Олд Трафорд“.

Првично се тврдеше дека поранешниот тренер на Реал Мадрид не сака да оди во Премиер лигата и единствено би прифатил ангажман во репрезентацијата на Франција или Јувентус.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Сепак, според англиските медиуми Зидан е спремен да ја прифати понудата и повторно да соработува со неговите поранешни играчи во Реал, Кристиано Роналдо и Рафаел Варан.

Единствен проблем во моментов е позицијата на неговата сопруга Вероника, за која се тврди дека воопшто не ја привлекува можноста да живее во Манчестер и инсистира нејзиниот сопруг да го продолжи својот одмор во очекување на поатрактивна понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Враќање на легендата: Тиаго Силва повторно во Серија А!

Легендарниот стопер Тиаго Силва, кој со голем успех го носеше дресот на Милан, ќе се врати…