Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан сигурен: Роналдо ќе игра во финалето!

Зидан сигурен: Роналдо ќе игра во финалето!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е 100% сигурен дека првата ѕвезда на тимот Кристиано Роналдо ќе биде спремен за финалето против Ливерпул во Лигата на шампиони.

Роналдо се повреди за време на Ел Класико и на полувремето излезе од игра, па најверојатно ќе ги пропушти натпреварите против Севиља и Селта во Примера.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Роналдо почна да оди само 48 часа после мечот. Тоа ја покажува неговата огромна амбиција. Сигирно ќе биде спремен за финалето, исто како и Иско и Кавахал. Во тоа можете да бидете сигурни 100%“, изјави Зидан.

„Финалето во Лигата на шампиони нема да биде дуел меѓу Кристиано Роналдо и Мохамед Салах. Не знам дали Салах ќе ја освои Златната топка, но навистина игра фантастична сезона. Меѓутоа, финалето е битка на Реал и Ливерпул, а не на Роналдо и Салах“, заклучи францускиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Артета носи два засилувања во јануари за борба за титулата во Премиер лигата

Многумина предвидуваат мирен јануарски трансфер период за Арсенал, бидејќи во текот на лет…