Зинедин Зидан сака во Реал Мадрид да го донесе 19-годишниот дефанзивец на Монако, Беноа Бадијашил, пренесуваат француските медиуми.
Бадијашил кој е висок 1,92 метри и важи за еден од најнадежните на неговата позиција, па веќе го доби епитетот „новиот Варан“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бадијашил веќе две сезони е стандарден во одбраната на Монако и моментално на трансфер-пазарот вреди околу 30 милиони евра.
За 19-годишниот дефанзивец интерес покажуваат и клубовите од Манчестер, но Зидан може да одигра клучна улога при трансферот.
Тој наводно стапил во контакт со младиот фудбалер и го убедил да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“, бидејќи во него гледа долгорично решение во одбраната.
Монако не сака да го продаде ова лето, па Реал Мадрид е спремен да го остави фудбалерот една година во „кнежевството“ и следното лето да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.