Дома Фудбал Зидан: Свирежите? Понекогаш е добро да знаеш дека не си доволно добар

Зидан: Свирежите? Понекогаш е добро да знаеш дека не си доволно добар

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан мирно ги прифати критиките, кои во последно време се упатени кон него и неговиот тим.

Критиките особено се засилија после двата последователни меча без победа на „Сантиаго Беранабеу“, па претенциозните фанови на Реал почнаа да ги исвиркуваат играчите.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Свирежите? Понекогаш е добро да знаеш дека не си доволно добар и дека не се справуваш добро“, кратко прокоментира Зидан.

Сега за натпреварот против Бетис во составот се враќа Кристиано Роналдо кој ја одработи суспензијата од четири натпревари.

„Се надевам дека тоа беше последниот меч во кој не можев да сметам на него. Гледам дека Кристиано е среќен, бидејќи тој сака да игра и да биде со своите соиграчи“, истакна Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Српски водител среде емисија жестоко го навреди Јамал: Таа мала битанга никогаш нема да ја освои Лигата на шампионите! (Видео)

Барселона во вторникот беше елиминирана во полуфиналето на Лига на шампиони од Интер во не…