Дома Фудбал Зидан прави големи промени во тимот!

Зидан прави големи промени во тимот!

Реал Мадрид повеќе не е лидер на табелата во Примера откако киксна на два натпревари во седум дена.

Минатата недела веќе сметаа дека се седум бода пред Барселона, која ќе му гостува во април, но сега се бод позади Каталонците и имаат еден натпревар помалку.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Минатата недела Реал загуби бодови на „Местаља“, потоа среќно извлече бод против Лас Палмас, а во меѓувреме на чудесе начин го победи Виљареал.

Поради тоа Реал нема повеќе право на кикс, а Зинедин Зидан мора да ги промени своите планови, бидејќи во наредниот меч планираше да одмори неколку првотимци.

„Кралевите“ во сабота му гостуваат на малиот Еибар, а во првиот тим ќе се вратат пет фудбалери. Се очекува во стартниот тим да се вратат Пепе, Касемиро, Модриќ, Лукас Васкес и Бензема.

Реал на заостанатиот натпревар има тешко гостување во Виго, а до крајот на сезоната има три големи дербија, против Атлетико, Барселона и Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шанса за Елмас, се повреди најдобриот играч на Лајпциг

Eден од најдобрите фудбалери на германски Лајпциг, Чави Симонс заработи повреда на лигамен…