Реал Мадрид е задоволен од тимот кој го има, пред мечот во Суперкупот против Барселона, минатиот викенд.
Французинот рече дека никој нема да дојде, и дека тимот останува заедно. Ја блокираше евентуалната позајмица на Ковачиќ, а се откажа и од Мбапе. Многумина поверуваа дека Реал нема никој да купи, но потоа Французинот се предомисли. Имено, потребна му е веродостојна замена за Варан кој во минатото имаше проблеми со повредите.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Сега кога го нема Пепе, тоа сепак може да биде болна точка во тимот, иако има уште алтернативи. Сепак, Реал наводно влезе во трката за Давинсон Санчез, одличниот колумбиски дефанзивец од Ајакс.
Ајакс го доведе за 5 милиони евра, сега бараат од Тотенхем 10 пати повеќе, што Англичаните одбија да платат. Играчот сака да го напушти клубот, не е во стартната постава, ќе видиме дали Ајакс кој е во традиционални добри односи со Реал ќе попушти и ќе го продаде Колумбиецот на Флорентино Перез.
Реал би можел да ја зголеми пондата на 45 милиони евра со бонуси. Ќе видиме што ќе биде од сето ова, во Реал молчат, а во Тотенхем се двоумат во целата приказна како притисок да исплатат 50 милиони.
Инаку, Тотенхем е единствениот клуб во ПЛ кој до сега не доведе ниту едно засилување, иако го чекаат Орие од ПСЖ кој би требало да биде замена за Кајл Вокер.