Дома Фудбал Зидан: Нема да ризикуваме со Бејл

Зидан: Нема да ризикуваме со Бејл

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го потврди отсуството на Герет Бејл за натпреварот против Атлетик Билбао.

„Бејл сеуште чуствува болка и не сакаме да ризикуваме. Проблемот е во тоа што Герет е многу силен и моќен и мора да биде потполно здрав за да игра. Кога е здрав, тој е феноменален.“ – изјави Зизу.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Запрашан дали ќе се обиде да го донесе Кепа Арисабалага, голманот на Билбао на Сантијаго Бернабеу, одговори дипломатски: „Јас зборувам за моите сегашни голмани, не за идните. Има многу добри кои можат да дојдат кај нас, но тоа сега не е мој проблем. Кепа е добар голман, но не и мој.“

Натпреварот Атлетик Билбао – Реал Мадрид се игра утре со почеток во 21.45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола ги предупреди фудбалерите: На кого ќе му се случи тоа нема да игра!

По минатогодишната сезона, која беше најслабата за Пеп Гвардиола од кога тој е на кормилот…