Дома Фудбал Зидан: Нема да бидеме губитници ако не освоиме ништо во 2020 година

Зидан: Нема да бидеме губитници ако не освоиме ништо во 2020 година

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не е загрижен ако тимот не постигнува успеси како во неговиот прв престој на „Сантиаго Бернабеу“.

Тогаш славниот Французин донесе три титули во Лигата на шампиони и фановите се надеваат на нови триумфи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нема да е неуспех ако не освоиме ниту еден трофеј. Неуспех е ако не се обидеме да освојуваме трофеи. Треба да тренираме добро и да го дадеме најдоброто од себе. Еден клуб ја освојува Примера и еден Лигата на шампиони. Мислите дека останатите се губитници? Јас не мислам така“, заклучи Зидан.

Следната седмица „кралевите“ ќе учествуваат во турнирот за Суперкупот на Шпанија, кој од оваа година се игра во нов формат со четири клуба. Претходно на Реал му претстои гостување кај градскиот ривал Гетафе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Париз ФК преговара со Един Џеко

Париз ФК преговара со босанскиот ветеран Един Џеко, пишува весникот “Екип”. Де…