Дома Топ вести Зидан најави спектакуларен трансфер: Заљубен сум во Мбапе!

Зидан најави спектакуларен трансфер: Заљубен сум во Мбапе!

Ерата на Лионел Меси и Кристиано Роналдо, а еден од фудбалерите кои се очекува да доминира со следните години е Килијан Мбапе.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не крие дека е „заљубен“ во младиот Французин, а медиумите тврдат дека му наредил на раководството на „кралевите“ да го купат следното лето.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Утре Мбапе со својот ПСЖ ќе гостува на „Сантиаго Бернабеу“ во Лигата на шампиони, а тоа беше прилика Зидан да ја „отвори душата“ и да признае дека е заљубен во својот сонародник.

„Мбапе е заљубен во Мадрид? И јас сум во него. Доаѓа тука на важен тест со ПСЖ. Знаеме колку е важен за неговата екипа и ќе бидеме подготвени“, порача Зидан.

20-годишниот фудбалер веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а и самиот не крие дека еден ден сака да заигра на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Копа Америка: Уругвај перфектен, елиминација за САД уште во групната фаза

Репрезентацијата на Уругвај го победи САД со 1:0 и така со максимални девет бода се пласир…